Владика Јован: Се молиме за решение прифатливо за сите, не ни знаев дека денеска МПЦ-ОА ќе расправа за интеграцијата на ПОА, вели за Плусинфо

 Breaking News

April 25
20:09 2023

Навистина не знам за што точно било разговарано и што точно било договорено на денешната седница на Синодот на Македонската православна црква (МПЦ-ОА) во однос на интеграцијата на Православната охридска архиепископија (ПОА),

па нам не ни останува ништо друго освен да го почекаме мајскиот Собор на Српската православна црква (СПЦ) и таму да ја чуеме конечната одлука, изјавил за „Плусинфо“, поглаварот на ПОА, г.г. Јован.

Тој признла дека бил затечен од одлуката на МПЦ-ОА на синодска седница денеска да расправа за интеграцијата на ПОА и за распределбата на епархии за владиците од ПОА, пренесува порталот.

Јас не знам ништо подетално од тоа што го разбрав од вас новинарите.

Немаме директна комуникација со МПЦ-ОА и воопшто не знаевме дека Синодот на МПЦ-ОА ќе заседава за ова прашање.

Не дознавме ништо по официјален пат. Седницата се одржа, но јас навистина не знам што се разговарало и какви одлуки се донесени. Разбрав дека конечната одлука ќе ја чуеме на Соборот на СПЦ и се надеваме дека крајното решение, со божја помош, ќе биде прифатливо за сите нас.

Да почекаме и да видиме како ќе се одвиваат работите, изјавил архиепископот Јован за Плусинфо.

Претходно и портпаролот на Синодот на МПЦ-ОА, Тимотеј, рече дека целосната интеграција очекува да се случи за време на Соборот на СПЦ, кој, како што кажа, треба да почне на 14 или на 15 мај. ИзворПрес24.

Related Articles