Владата ќе дава по 3000 денари месечно и по 1500 денари месечно за пензионери со пониска пензија и социјалните категории на граѓани

 Breaking News

Владата ќе дава по 3000 денари месечно и по 1500 денари месечно за пензионери со пониска пензија и социјалните категории на граѓани

Владата ќе дава по 3000 денари месечно и по 1500 денари месечно за пензионери со пониска пензија и социјалните категории на граѓани
October 09
14:28 2022

Со последниот ребаланс беа испланирани и сега ќе се операционализираат следниве мерки.

Исплата на еднократна помош од 3.000 денари за примателите на гарантирана минимална помош, а тоа се 36.000 домаќинства за чија поддршка е одвоено скоро 40 милиони евра.

Зголемување на пензиите согласно новата методологија на пресметка на пензиите за над 330.000 пензионери.

Во март ја усогласивме пензијата за 2,9%, со септемвриската имаше уште едно усогласување од 6,8, што е досега вкупно 10% зголемување на пензиите од март до денес.

Во март идната година повторно ќе има усогласување со трошоците за живот и просечната исплатена плата, и проценката е дека зголемувањето кумулативно ќе е 16% што досега е најголемото зголемување и тоа во неизборна година,

но јас кажав и кога ја менувавме методологијата за пензиите и кога го обезбедивме тоа покачување дека пензионерите заслужуваат секоја година зголемување на пензиите согласно со растот на трошоците за живот и растот на платите а не да бидат користени како порано во изборни цели пензиите кои што им беа исплаќани.

Оваа мерка дава резултат и на краток но особено на долг рок. Засега, обезбедени се над 73 милиони евра за пензиите.

Субвенционирање на придонеси за поддршка на платите на вработените во приватниот сектор во вкупен износ од над 17 милиони евра со кои што државата го субвенционира делот на придонесот кога работодавачите ја зголемуваат платата на работниците,

со што работниците добиваат нето зголемување на платата, а работодавачите добиваат поддршка од државата за придонесите кои што ги исплаќаат за пензиско и за социјално осигурување.

Субвенции и трансфери за директна финансиска поддршка во земјоделскиот сектор за стимулирање на приносите,

зголемување на продуктивноста, поголема конкурентност и амортизирање на ценовните притисоци за основните прехранбени производи. За земјоделците издвоивме над 52 милиони евра.

Обезбедување на средства за враќање на парите кај граѓаните преку програмата Мој ДДВ за што во буџетот издвоивме скоро 18 милиони евра, во време на криза,

во време кога државата прави напори да субвенционира електрична енергија и зголемено производство на храна и субвенционирање на придонеси на плати како што кажав,

зголемување на пензии и зголемување на минимална плата сепак сумата за поврат на ДДВ, односно директно враќање на парите кај граѓаните од ДДВ-то не е намалена, туку напротив таа изнесува 18 милиони евра.

Во овој процес на дизајнирање на мерки, ги земавме предвид препораките на експертите и на институциите како Меѓународниот монетарен фонд за фискалните политики кои треба да се водат,

особено од страна на земјите во развој, кои по пандемијата го проширија долгот и намалија фискалниот простор.

Поради тоа се пристапи кон дизајнирање на таргетирани мерки, за поддршка на најранливите категории и за оние каде таа поддршка би имала значајно влијание. Оттаму, постојните мерки се дополнуваат со уште еден сет на мерки.

На овој начин, еднакво, и со поддршка на одделните општествени и економски сегменти покрај поддршката на оние кои најмногу им е потребна,

ја одржуваме макроекономската стабилност, бидејќи кога се прават антикризни мерки мора во предвид да се има и поддршката на граѓаните,

меѓутоа и макрофинансиската стабилност на државата, фискалната одржливост и монетарната одржливост на државните резерви, на платниот биланс.

Согласно овие препораки дизајниравме мерки за социјално ранливи категории на граѓани. Со овој сет антикризни мерки пред сѐ обезбедуваме по 3.000 денари месечно, во наредните 4 месеци, или вкупно 12.000 денари за скоро 42.0000 граѓани.

Тука спаѓаат лица кои користат право на социјална сигурност, лица кои го користат правото за попреченост, родители на децата со попреченост до 26 годишна возраст кои користат право на посебен додаток,

лицата со попреченост кои користат право за помош и нега од друго лице, лицата со потешки трајни промени во здравствената состојба,

самохрани родители корисници на ГМП, како и невработени лица, и корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок (стечајни работници)). За оваа мерка вкупно се издвоени над 8 милиони евра.

Директна финансиска поддршка од вкупно 6.000 денари во наредните 4 месеци (1500 денари месечно) има и за пензионерите кои земаат до 11.525 пензија, а тоа се над 91.600 пензионери наши сограѓани.

Воедно, директна финансиска помош од вкупно 3.000 денари обезбедивме за пензионерите кои земаат пензија од 11.525-14.000 денари, односно над 66.000 пензионери.

За оваа мерка, за нашите пензионери издвоивме над 12,2 милиони евра.

Во овој сет на мерки обезбедуваме поддршка на јавни, образовни и здравствени установи.

Така, ги вклучуваме основните и средните училишта на регулиран пазар за снабдување со електрична енергија, и обезбедуваме континуиран и непречен образовен процес. Поддржуваме вкупно 365 основни и 109 средни училишта и (за оваа цел одвоивме над милион евра).

Овозможуваме снабдување на јавните здравствени установи со електрична енергија преку продажба од ЕСМ по далеку поповолна цена од пазарната цена.

Обезбедуваме снабдување со електрична енергија на мерни станици за водни пумпи, преку ЕСМ продажба по поволна цена од берзанската цена (потребна електрична енергија од 34.000 MWh, субвенционирање на разлика во цена на електрична енергија –

фин импликација 3,4 милиони евра), не смееме да дозволиме во општините каде што се снабдуваат со вода преку пумпи да останат граѓаните без вода.

Секако не го забораваме и приватниот сектор – микро, малите и средни компании, тие се нашиот столб.

Го прошируваме опсегот на компании кои се корисници на кредитно – гарантната шема од Гарантниот фонд на Развојната банка, преку олеснување на критериумите за аплицирање за обезбедување на обртни средства за што се предвидени околу 5 милиони евра.

Обезбедуваме директна кредитна линија за поддршка на ликвидноста на микро, мали и средни трговски друштва (согласно тековната состојба) како и ТП, занаетчии (кои плаќаат давачки на реален приход);

Овозможуваме забрзан и зголемен поврат на ДДВ со помалку од 30 дена за поврат на ДДВ за што се одвоени вкупно скоро 160 милиони евра.

Обезбедуваме на поволна консултантска поддршка за изработка на проекти / студии за инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија со цел полесен пристап до капитал.

Продолжуваме со кредити за инвестирање во проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија со структура на финансирање 60%-40%, за што се одвоени 10 милиони евра.

Воедно, за набавка на енергенси, затоплување на Градот Скопје, поддршка за производство на евтина домашна струја за домаќинствата кои треба да ги операционализира ЕСМ преку кредит од ЕБРД од 100 милиони евра.

Почитувани граѓани,

Кажав и на почетокот на оваа прес-конференција, и ќе повторам, верувам дека сите заедно, ќе ја пребродиме зимата и оваа најтешка, најголема криза досега.

Јас ќе дадам сѐ од себе, Владата, министрите исто, тоа е наша работа и денес и секој ден понатаму.

Како што покажавме денес со овие антикризни мерки, активно и секојдневно се справуваме и ќе се справуваме со последиците, и дома, но и во соработка со соседите, со европските пријатели.

Јас знам дека сите ние се грижиме за нашите семејства во време на криза, тоа е природно.

Но кога сте премиер, вие мора да се грижите за сите.

Затоа и денес ги донесовме овие мерки и продолжуваме и понатаму со секојдневен ангажман за да се погрижиме да има и струја и греење и храна за сите.“ ИзворВлада.мк.

Related Articles