Владата со одлука: Нема нови вработувања во администрација, нема регрес за 2020, нема нов мебел и возила

 Breaking News

Владата со одлука: Нема нови вработувања во администрација, нема регрес за 2020, нема нов мебел и возила

Владата со одлука: Нема нови вработувања во администрација, нема регрес за 2020, нема нов мебел и возила
April 01
20:59 2020

Денеска ја продолжи работата на 32 седница владата, на која беа донесени повеќе уредби, одлуки и заклучоци. На оваа своја седница, Владата на Република Северна Македонија го разгледа предлогот на Министерството за финансии за намалување на непродуктивни расходи. Беа донесени повеќе одлуки, еве дел од нив:

Во јавниот сектор времено се забрануваат новите вработувања, нови ангажирања преку агенции за привремени вработување и нови договори на дело, освен за ангажирања на соодветен кадар во здравствениот сектор, a за сите трајно испразнети работни места (пензионирања и други заминувања по различни основи) да нема прием на нови вработувања.

Доколку се утврди неопходност за пополнување на некое работно место, истото да се пополни од институции каде што има суфицит, а доколку нема таков кадар по институциите, за ангажирање на лицата да одлучува Владата. Да не се стопираат веќе почнатите постапки за вработувања, за кои има согласност од Министерство за финансии. За издадените согласности за кои не се започнати постапки за вработувања да не се започнуваат.

На вработените во јавниот сектор да не се доделува регрес за годишен одмор во 2020 година, како и да не се реализираат другите права во Општиот колективен договор за јавниот сектор за 2020 година. Во текот на 2020 година времено се забранува набавка на мебел, опрема и возила. Сите одлуки прочитајте ги на Влада.мк.

Related Articles