Владата се покажа: Ваучери за 100.000 граѓани по 6000 денари и 3000 на картица

 Breaking News

Владата се покажа: Ваучери за 100.000 граѓани по 6000 денари и 3000 на картица

Владата се покажа: Ваучери за 100.000 граѓани по 6000 денари и 3000 на картица
May 17
19:54 2020

Денеска, Оливер Спасовки, Претседател на Владата на Република Северна Македонија на прес-конференција ги образложи мерките од третиот пакет за економска поддршка на граѓаните и стопанството на земјата кој денеска беше усвоен на седница на Владата, каде се спомнуваат и ваучерите за граѓаните.

Исто околу 100 илјади наши граѓани ќе добијат ваучер за домашен туризам од 6,000 ден и домашна платежна картичка од 3,000 ден

Граѓаните ќе можат да се одморат и да летуваат дома, а со тоа ќе го зајакнеме домашниот туризам.

Со оваа мерка се опфатени сите вработени граѓани што примаат нето плата помала од 15.000 денари месечно и немаат други приходи.
Ваучерот може да се користи во домашните хотели и други сместувачки капацитети, додека со платежната картичка поттикнуваме купување на домашни производи и услуги.

Следува мерката парична поддршка за млади дo 6,000 денари, платежна домашна картичка од 3,000 денари и ваучери за кофинансирање за обуки за ИТ и дигитални вештини

Ова е силна поддршка за младите, за да продолжи образовниот процес непречено и за да се обезбеди куповната моќ, како придонес кон студентскиот и ученичкиот стандард.

Мерката опфаќа ваучери од најмногу 6,000 денари за покривање на партиципација во Универзитет или за сместување во студентски, ученички домови и регистрирани сместувачки капацитети за студенти и средношколци кои доаѓаат од семејства со ниски приходи.

Мерката вклучува и платежна картичка за млади, во вредност од 3,000 денари за домашни производи и услуги.

Воведуваме и ваучери до 30,000 денари за кофинансирање на обуки, тренинзи и курсеви за ИТ и дигитални вештини за млади.

Со покривањето на трошоците за тренинзи и обуки, ги подржуваме младите да стекнат знаења и вештини од информатичката технологија кои ќе им овозможат брзо вработување во новата развојна економија.

Оваа мерка ќе опфати 100 илјади млади сограѓани, во вредност од 12 милиони евра.

Третиот сет, иако е поттикнат од ургентноста и вонредната состојба, содржи краткорочни и среднорочни мерки за ревитализација на нашата економија, а некои од нив имаат опсег и до крајот на годината, и заедно со ефектите од мерките првите два пакета, создаваат услови и за динамичен раст и нова развојна македонската економија.

Обраќањето на премиерот Спасовски, во продолжение на ова соопштение, ви го пренесуваме во целост.

Денеска го објавувам третиот пакет на економски мерки кој штотуку го утврди Владата. Ако првите два сета мерки го ублажувавме одразот на здравствената криза врз економијата, сега одиме чекор понатаму.
Третиот сет економски мерки се однесува на ревитализацијата, опоравување на економијата и стимулирање на потрошувачката и на индустријата.

Станува збор за таргетирани мерки, директна помош од државата и на граѓаните и на стопанството. Се подржуваат сите категории и соц ијални ранл иви групи на граѓани и бизнисите.

Третиот пакет економски мерки освен што е едногласно усвоен на Владата тој е широко усогласен со експерти, коморите, синдикатите. Станува збор за директна финансиска поддршка за зголемување на потрошувачката, директна поддршка на стопанството, земјоделството, награда за лекарите и медицинскиот персонал на инфективните клиники и одделенија.

Toa што можеме да го заклучиме е дека првиот и вториот пакет економски мерки беа навремени и сериозни мерки за спас на работните места.

Беа сеопфатни и водени од принципот никој да не биде изоставен, и така точно димензионирани, ги запреа трендовите кои се закануваа да бидат катастрофални, и создадоа услови за третиот пакет економски мерки, кој има за цел да ги закрепне и да ги заживее со нова динамика домашните економски дејности.

Третиот пакет економски мерки ќе овозможи заживување на македонската економија преку директна поддршка на граѓаните и на стопанството. Истиот содржи краткорочни и среднорочни мерки за ревитализација на македонската економија.

Ова се мерки за нова, развојна економија, преку кои ќе ја зголемиме потрошувачката и ќе стимулираме заштита, промоција и раст на домашната економска понуда. Со новата развојна економија ќе ја зголемиме и нашата конкурентност, и во регионот и пошироко.

Морам да нагласам дека креирањето на мерките од овој пакет беше направен максимално транспарентно и во целосно инклузивен процес во кој учествуваа стопанските комори, синдикатите, граѓанските организации, како и поединци, експерти во одделни области од социо-економската и финансиска сфера.

Сакам да напоменам дека сите три пакети мерки за поддршка на економијата, всушност во својот фокус ги имаат граѓаните на нашата земја, нивните работни места, социјалната сигурност, солидарноста и креирањето амбиент за полесно надминување на економските последици од коронавирусот.

Оваа определба ја задржавме и во овој, трет пакет економски мерки, па така нашето внимание е целосно насочено кон граѓаните со нагласок на невработените лица, соц јално ран ивите категории, младите, домаќинствата со ниски примања, вработените во јавниот здравствен сектор и граѓани од други категории.

Дури и кога зборуваме и кога го помагаме и стопанството, односно домашните компании пог одени од кр изата, како и поддршката на земјоделството и туризмот, ние пред нас ги имаме вработените во тие дејности, нашите сограѓани кои секојдневно го вложуваат својот труд и на тој начин го помагаат не само развојот на компанијата, туку и економскиот развој на земјата.

Вредноста на мерките од третиот пакет изнесува 355 милиони евра и преку нив ќе бидат опфатени 730.000 корисници. Со овој пакет, вкупната помош за економијата од трите сета мерки изнесуваат 550 милиони евра или 5.5% од БДП.

Related Articles