Владата одлучи: Утре нема полициски час, а кафичите и рестораните ќе работат од четврток

 Breaking News

Владата одлучи: Утре нема полициски час, а кафичите и рестораните ќе работат од четврток

Владата одлучи: Утре нема полициски час, а кафичите и рестораните ќе работат од четврток
May 26
17:26 2020

Денеска, Премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министерот за здравство, Венко Филипче и д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје на прес конференција говорат за мерките за олеснување.

Владата одржа седница на која се разгледуваа мерките за олеснување на вонредните мерки, воведени поради епидемијата на коронавирусот.

Спасовски соопшти дека врз оснва на некои исполнети услови ,анализите и препораките престанува важењето на повеќе рестриктивни мерки.

Од утре престанува забраната з адвижење низ Македонија , а од четврток почнуваат да работат терасите на угостителските објекти.

Од 1. јуни орекинува важењето за мерките донесени како дел од вонредната состојба.

Задолжителниот карантин се заменува со домашна изолација , доколку лицата поднесат ПСР тест направен во последните 72 часа. Сите лица во државен карантин може да направат тест и да бидат упатени во домашна самоизолација .

Одлуките се донесени зашто македонското здравство добро се справи со пандемијата на коронавирусот , а зад нив има две суштински причини и тоа состојбата со епидемијата е под контрола.

Зголемениот број е резултат на одредени непочитувања на мерките во претходната фаза. Во наредниот период ќе има нагласена примена кон жариштата .

Втората причина е што капацитетите и знаењето на здравствените работници достигнаа високо стручно и професионално ниво и подготвеност и системот е подготвен да одговори.

Related Articles