Владата им нуди 10 отсто повисоки плати на просветарите ама в година

 Breaking News

Владата им нуди 10 отсто повисоки плати на просветарите ама в година

Владата им нуди 10 отсто повисоки плати на просветарите ама в година
October 08
20:25 2019

10 отсто покачување на платите од април ќе добијат просветните работници, но последниот збор дали ќе има генерален штрајк ќе го има СОНК.

Платите ќе бидат покачени за дополнителни 10 отсто во дејноста образование почнувајќи од основно, средно, високо образование и наука. Во 2018. имавме 5 отсто покачување, во 2019 од септември доплнително покачување и априлската плата во 2020. ќе биде со 10 отсто дополнително покачување на платите, вели министерот за образование, Арбр Адеми.

Претседателот на СОНК, Неделков вели дека синдикатот мора да расправа врз анализите и добиените резултати. Лично како човек, а не како претседател на СОНК секогаш се трудам и тежнеам кон нешто повеќе во однос на сегашното, што е нормално и човечки.

Така што сметам дека може и повеќе. Моето очекување е дека може процентот да биде повисок. Меѓутоа, ние сме тие кои што бараме, а Владата е таа која што одлучува дали ќе добиеме или не, вели претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

Related Articles