ВИДЕО: 6 pуckи ракети ја погодија Одеса, мета аеродромска писта и фабрика за мебел во пристанишниот град

 Breaking News

May 07
19:29 2022

6 руски проектили денеска го погодиле украинскиот пристанишен град Одеса, изјави портпаролката на јужната воена команда на Украина, пишува Слободенпечат.

На снимка која на Твитер ја објави шведскиот дипломат Карл Билд, се гледа како над градот се креваат густи облаци од црн чад.

Билд во коментар на твитот вели дека е јасно која е стратегијата на Русија – да продолжи со бомбардирање на градот, кој во еден момент би бил освоен и вклучен во руската окупациска зона во Украина.

Портпаролката Наталија Хуменјук рече дека четири ракети погодиле фабрика за мебел сместена во станбен кварт, додека другите две оштетиле аеродромска писта.

Информациите за жpp тви се проверуваат.

Портпаролот на регионалната управа на Одеса, Сергеј Братчук, претходно кажа дека регионот на Одеса го погодиле четири проектили, но дека нема жpp тви.

Агенцијата Ројтерс наведе дека тие извештаи во моментов не може да се потврдат. ИзворСлободенпечат.

Твитер видео во продолжение:

Related Articles