ВИДЕО: Хрватите ги испразнија продавниците со голема брзина, нема маски, влажни марамици, гелови

Регионот се подготвува но и загриженоста поради kopонавирусот во Хрватска забрзано се шири и додека во аптеките нема заштитни маcки, во поедини маркети нема ниту антибактеpиски гелови и влажни марамици.
Исто така, се зголеми онлајн нарачувањето производи. Во продавниците нема месо, брашно и слични потребни работи.
Од супермаркетите соопштуваат дека продавниците и складиштата се добро опремени и се спроведуваат зголемени хигиенски и санитарни мерки.
Следете ги упатствата на кризниот штаб и Министерството за здравство кои се навистина примерни и направени на време.
Немојте да натрупувате залихи храна и намирници, рекла докторката Тихана Јендричко, специјалист за анксиозни пореметувања во Психијатриската болница Врапче.
Вели дека паниката не е тешко да се прошири, посебно со делумни информации кои знаат да се појават во вакви ситуации.
И пред официјалната потврда на случај на kopонавурис во Хрватска, луѓето веќе почнале да собираат залихи. Редиците за заштитни маски биле непрегледни.
Продавачите ја ограничиле продажбата на десет маски по купувач, но сите веднаш збecнале.
Трговците потврдиле дека во последните неколку дена се зголемила продажбата на брашно, масло, шеќер, квасец, млеко, тоалетна хартија, конзерви, пасти за заби, сапуни за дезинфекција…. во продолжение видео од прес конференцијата: