ВИДЕО: Со багери се расчистува одронот на Плетвар, сообраќајот сеуште во прекин

June 11
08:05
2022
На социјалните мрежи веќе кружат видеа, а забележано е и како работни машини се обидуваат да го расчистат одронот на патот Росоман – Прилеп.
Утрово од 05:55 часот регионалниот пат Росоман- Прилеп, кај м.в.„Трите ленти“ е затворен за сообраќај поради одрон на патот, јавуваат од АМСМ.
На видео снимките се гледа дека има наноси и вода која има однесено камења и земја, каде што е настанат и голем одрон на патот.
Нема сеуште информации колку време ќе биде потребно за да се расчисти одронот и да се нормализира сообраќајот.
Од двете страни, како и на видео снимките се гледа дека граѓани чекаат патот да биде прооден.