ВИДЕО: Новиот автопат Штип-Скопје ќе се вика Гоце Делчев, Заев нема ништо против ако има одлука, така и ќе остане
July 07
21:56
2019
На новинарско прашање, дали планира да го преименува автопатот Миладиновци-Свети Николе- Штип со оглед на одлуката на претходната Влада која била и објавена во Службен весник, тој да се вика „Гоце Делчев“, премиерот Зоран Заев одговори дека не е запознаен со таквата одлука но ако навистина имало таква одлука, ќе ја почитува. – Ако е така, така ќе остане, нема потреба од промена. Ако веќе се завршени процедурите околу именувањето на патот, одлично – изјави Заев.