ВИДЕО: Ништо не останало од украинската воена база до границата со Полска, на само 25км оддалеченост

 Breaking News

ВИДЕО: Ништо не останало од украинската воена база до границата со Полска, на само 25км оддалеченост

ВИДЕО: Ништо не останало од украинската воена база до границата со Полска, на само 25км оддалеченост
March 13
09:16 2022

Андриј Садовји, градоначалникот на украинскиот град Лавов, кој е во близина со границата со Полска, потврди руски напад врз украинскиот меѓународен центар за мир и безбедност, западно од Лавов.

Тој рече дека биле истрелани осум проектили кон украинскиот Центар за меѓународен мир и безбедност.

Инаку центарот за обука се наоѓа во близина на границата меѓу Украина и Полска, на не повеќе од 25 километри.

Неколку фотографии од местото веќе се вирални на социјалните мрежи и изгледаат вака, фото:

Станува збор за воен центар за обука и база западно од Лавов, во близина на границата со Полска, која е оддалечена околу 25 километри.

Садовји ги повика луѓето да не објавуваат фотографии и видеа од местото на настанот.

Тој рече дека се собираат информации за жртвите и дека деталите ќе бидат објавени подоцна.

Неколку очевидци изјавија за украинскиот Би-Би-Си дека слушнале експлозии во западниот дел на Лавов.

Новинската агенција UNIAN, исто така, ги цитираше корисниците на социјалните мрежи кои известуваат за две силни експлозии во градот.

Според извештаите на локалните медиуми, во текот на ноќта се слушале сирени за воздушен напад во Лавов и многу други региони на Украина.

Киев Индипендент, пак, вели дека има извештаи дека Лавов е под руски ракетни напади.

Причината за експлозиите се уште не е позната, а Би-Би-Си засега не може да ги потврди изјавите на очевидци.

Веста за брзо станува вирална и се шири на социјалните мрежи, каде следат многу коментари и фотографии од местото:

Related Articles