ВИДЕО: Коронавирусот ќе го има и есента и зимата ќе има и сезонски грип, не само кај нас туку и во други држави

 Breaking News

ВИДЕО: Коронавирусот ќе го има и есента и зимата ќе има и сезонски грип, не само кај нас туку и во други држави

ВИДЕО: Коронавирусот ќе го има и есента и зимата ќе има и сезонски грип, не само кај нас туку и во други држави
April 17
21:27 2020

Венко Филипче, министерот за здравство, преку онлајн видео кажа дека бил на состанок организиран од СЗО каде присуствувале и многу земји членки каде што се разменувале искуства меѓу над 150 држави кои биле присутни.

Се разговарало и за тоа какви се плановите на земјите затоа што оваа болест и после пикот на пациенти во секоја од државите одделно ќе постои да е присутна и дека ќе треба да има посебни делови во здравствениот систем наменети за тоа.

Министерот додава дека иди есента и зимата оваа година каде што не само ние туку сите земји ќе се соочат со коронавирусот и со сезонскиот грип, во продолжение видео анализата после 10-та минута на министерот:

Инаку денеска од Министерството за Здравство информираа дека се регистрирани вкупно 18 оздравени пациенти.

Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби си заминале 11 пациенти, 2 од болницата во Дебар, а регистрирани се и 5 оздравени пациенти (2 од Кочани и 3 од Скопје) кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот.

Во изминатите 24 часа се потврдени 36 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје-22, Куманово-4, Прилеп-3, Струга-3, Велес-3, Битола-1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1117. Според местото на живеење, досега се регистрирани случаи во:
Скопје – 389
Куманово – 310
Дебар – 51

Штип-32
Прилеп –103
Тетово – 48

Струга – 53
Велес – 43
Битола –16

Охрид –7
Кавадарци – 4
Гостивар –12
Гевгелија – 4

Струмица – 2
Крива Паланка-4
Радовиш – 4
Крушево – 3

Кочани – 26
Пробиштип – 2
Кичево – 2
Неготино -2

Во изминатото деноноќие направени се 437 теста. Преку ИЈЗ –230, преку Ветеринарен ф-тет -20 , Авицена –22 , Биотек – 35 и Филип Втори (Жан Митрев) –130 . Досега во земјата се направени вкупно 10.859 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника во Скопје примени се 5 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани 54. 18 пациенти се со на кислородна поддршка, а 5 пациенти се на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 7 нови пациенти, од нив 1 веднаш е ставен на респиратор. Хоспитализирани се 37 пациенти, од кои 10 со потешка клиничка слика, а на респираторна машина се приклучени вкупно 7 пациенти.

Во болницата во Битола се лекуваат 8 ковид позитивни пациенти, од кои 3 лица се повремено на кислородна поддршка, останатите се стабилни. Примени се 2 лица, со симптоми на вирусот на кои им е земен брис, а тие се сместени во изолација.

На домашно лекување се следат 13 пациенти. Прв контролен брис е земен од 7 пациенти, 2 хоспитализирани и 5 кои се лекуваат во домашни услови.

Во штипската болница се хоспитализирани 8, а на домашно лекување се следат уште 19 пациенти.

Related Articles