ВИДЕО: Еве како се тресеше во Битола, земјотресот ги распука ѕидовите во неколку згради и куќи во Битола

10-тина земјотреси вечерва во Грција, а силниот земјотрес со јачина 5,5 степени според Рихтер вечерва ја погоди Грција се почувствува низ цела Македонија, а најмногу во блиските градови до Лерин.
Епицентарот на земјотресот бил 4 километри од грчкиот град Лерин (Флорина), кој се наоѓа во близина на Македонија, на длабочина од 10 километри.
Земјотресот предизвикал и значителна материјална штета, односно испукани се ѕидовите во неколку згради низ Битола.
Граѓаните велат дека не паметат ваков земјотрес, а додаваат и дека вечерта ќе ја поминат надвор од своите домови, јавува Тв21.
Во моментов телекомуникациска мрежа во Битола е во прекин, информираат жители за ТВ21. Според нив, во моментов не е возможно да се воспостави телефонски повик, а нема ни интернет.
Граѓаните велат дека не паметат ваков земјотрес, а додаваат и дека вечерта ќе ја поминат надвор од своите домови.
Нешто после 23 часот во Грција беше регистиран силен земјотес со интензитет од 5,5 степени според Рихтер, а се почувствува низ цела Македонија.
Епицентарот на земјотресот бил 4 километри од грчкиот град Лерин (Флорина), кој се наоѓа во близина на Македонија, на длабочина од 10 километри. ИзворТВ21.