ВИДЕО: Гастербајтерите со авион се вратија за да глacaaт во Кичево

како што јавува Прес24, со автобуси, авиони или сопствени автомобили, голем број печалбари од Кичево и кичевско кои работат во Швајцарија, Италија, Австрија, Германија и други европски земји.
во последните 24 часа организирано пристигнаа во Кичево за да гласаат во вториот круг од локалните избори, на кои ќе го поддржат својот фаворит.
Низ кичевската чаршија, во локалите и на сообраќајниците, видлива е зголемена концентрација на луѓе и фреквенција на автомобили и во овие три дена Кичево наликува на градот од периодот на летото, кога во земјава печалбарите беа на годишен одмор.
Како што допатуваа во земјава тие организирано и со истите превозни средства ќе се вратат во земјата каде што работат и живеат.
Сите се единствени дека со нивната поддршка за нивниот фаворит ќе добие повеќе гласови, ќе победи на овие избори и ќе го освои градот Кичево.
Печалбарите не го кријат оптимизмот дека нивните гласови ќе пресудат кој ќе биде градски татко во наредните четири години во оваа општина.
Видео од слетувањето на авионот и пристигнувањето на граѓаните, како и полнењето на автобуси, објавија на социјалните мрежи, Видео во продолжение: