ВИДЕО: Бујар Османи повторно на теренска инспекција, им направи контрола како се трошат парите од ИПА

 Breaking News

October 06
12:31 2019

Бујар Османи по инспекцијата во месец септември кога проверуваше дали Законот за употреба на јазиците се применува на таблите кои треба да бидат двојазични, сега направи нова иснпекција за тоа како се инвестираат парите од ИПА-фондовите. Османи беше во посета на инвестициите на потегот кон граничниот премин Ќафасан во околината на Струга а попатно му се јави на Ирфан Бучи, заменик-директорот на Царинската управа, и на министерот за економија, Крешник Бектеши. Инаку, додека минатиот пат ги проверуваше таблите дали се двојазични, Османи доби казна зошто зборуваше на мобилен додека возеше, а сега се пошегува дека министерот Спасовски многу строг. За минатата инспекција доби бројни критики, но тоа не го спречи повторно да направи инспекција.

Related Articles