ВИДЕО: Аца Лукас направи забава за цело маало со концерт на тераса и коментари во живо

April 14
18:48
2020
Популарниот пејач од соседна Србија, Аца Лукас синоќа одржа концерт на тераса за своите соседи, кој се пренесувал во живо на социјалните мрежи и привлече илјадници луѓе и негови гледачи. И додека многу музичари деновиве, претежно се сами и пеат без придружба за своите фанови, Аца Лукас тоа го крена на малку повисоко ниво. Тој имаше и бенд, и рефлектори, и концертен звук, а настапи заедно со гости музичари. Неговите соседи излегоа на балконите и пееја и ракоплескаа, а имаше и такви што го слушаа Аца од улица, па тој им рече да си одат дома. Видео во продолжение: