ВИДЕО: Апасиев со контра-реплика до една пратеничка од СДС на Нашата Земја

Пратеникот и лидер на Левица и ја кажа вистината на пратеничка од сдс на Нашата Земја, а таа кратка контра-реплика ја сподели и на својот фејсбук профил:
НИ АТЕР КРШИТЕ, НИ РАБОТА ВРШИТЕ(говорот на пратеникот Апасиев по повод владините закони за ДДВ и за акцизи на горивата)
Очигледен е впечатокот дека Владата мери со погрешни мерила, дека немате допир со реалноста.
Вашиот пакет од 26 мерки тежи 400 милиони евра, а само санкциите против Русија ќе не коштаат 230 милиони ЕУР!?
Нема да ве чинат вас.
Ќе ги чинат производителите на праски од Росоман, ќе ги чинат производителите на јаболки од Преспа, ќе ги чинат производителите на зелка од Струмичко.
Вратете ја исплатата на плата да биде до 5-ти, а не до 15-ти во месецот. Вратете ја хранарината и патните трошоци на работниците.
Не може само пратениците и функционерите да земаат патни трошоци.
Дали знаете дека омразениот закон на Зоран Ставрески, со кој работник кој останал без работа сам си плаќа здравствено осигурување, се уште е во сила!?
Вие ги бркате паметните сиромашни студенти да студираат надвор од Македонија!
Еден штипјанец кој работи во Скопје, годишно ќе плаќа 1.200 ЕУР за патарини, а еден Австриец плаќа 100 ЕУР за вињетка за цела година. Кој е тој стандард кој ова може да го издржи?
Зошто дуќанџиите, градинките, болниците и школите ни плаќаат „индустриска струја“!?
Ниту еднаш не спомнавте данок на луксуз. Дали знаете дека нема земја во ЕУ која нема ваков данок?
Па, Македонецот во Отоманската империја плаќал пониски банкарски камати од Македонецот денес!“ – Пренесува Левица, видео во продолжение: