ВИДЕО: Апасиев им одржа предавање по право во амфитеатарот на Собранието на Р.Македонија

ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА “ГАМА” Е НЕВИДЕН ПРЕСЕДАН ВО ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНСКОТО ПРАВО ОД АСНОМ ДО ДЕНЕС.
Не само во Македонија, ова е преседан и во светски рамки, бидејќи не постои случај – со закон да се решава судски спор.
Судски спор се решава со пресуда, со судска, или вонсудска спогодба. Спротивно на членот 98 од Уставот, односно на Амандманот XXV, кој вели дека:
“судската власт ја вршат СУДОВИТЕ” и се додава – „забранети се вонредни судови“!
Ова е случај на вонредно судство!
Ова е случај на пресудување, на преки суд, за спорови кои се водат 15 години.
Се правиме попаметни од судиите кои воделе спорови помеѓу Република Македонија и “Макпетрол” 15 години и не успеале да ги решат.
Државата во овој случај постапува од позиција на fiscus, односно на приватно право.
Не можеме ние со закон да решаваме СУДСКИ СПОР, затоа што Владата и според постоечките закони има право да потпише спогодба.
Нека повели премиерот, нека ја потпише Спогодбата, меѓутоа знае дека е тежок криминал, знае дека ќе оди во затвор после потпишувањето и после падот на власта и затоа потпикнува со закон да му решаваме судски спорови!
ЛевицаОдПарламент – пишуваат на страницата на Левица / E majta / Levica на фејсбук: