Вечерва од полноќ повторно се зголемува цената на нафтата на 94 денари, а бензинот 95 денари

 Breaking News

Вечерва од полноќ повторно се зголемува цената на нафтата на 94 денари, а бензинот 95 денари

Вечерва од полноќ повторно се зголемува цената на нафтата на 94 денари, а бензинот 95 денари
March 09
21:47 2022

Од 10.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 93,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 95,00 (денари/литар)


Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 94,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 90,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 59,165 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 10.3.2022 година.

Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни
нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ја информира јавноста дека цените на сите нафтени деривати на светските берзи во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај сите нафтени деривати и тоа :

кај бензинот за 8,971 %, кај дизелот за 16,811%, кај екстра лесното масло за 14,445% и кај мазутот зголемување за 9,336%.

Во исто време, курсот на доларот во однос на денарот е зголемен за 1,078%.

Согласно овие податоци, РКЕ донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на
нафтените деривати во просек за 6,88 % во однос на Одлуката од 7.3.2022 година.


Донесовме одлука со која ја намаливме трговската маржа за 33% на сите трговците со нафтени деривати.

Ова е единствен механизам кој на РКЕ му стои на располагање. И сега го активираме затоа што ова се вонредни услови, и мора сите да покажат солидарност.

На овој начин, во крајната цена влијаеме делумно да се амортизира
огромниот пораст.

Дополнително олеснување врз притисокот на крајната цена ќе бидат и најавените измени во делот на ДДВ и акциза, кои апелираме побрзо да се донесат.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на
Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.


Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,50 денари/литар,
додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 8,50 денари/литар.


Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 6,50 денари/литар.


Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 4,846 денар/килограм и сега ќе изнесува 59,165 ден/кг.

Related Articles