Вечерва Заев објави нов видео спот за 30 години независност, Абер дојде Донке

 Breaking News

Вечерва Заев објави нов видео спот за 30 години независност, Абер дојде Донке

Вечерва Заев објави нов видео спот за 30 години независност, Абер дојде Донке
September 12
20:10 2021

Стремежот за независна држава е вековниот идеал во македонската историја.

Пред 30 години, на 8 септември, идеалот, кој за многу генерации беше само мечта, после 46 години државност во рамките на сојузот на поранешните југословенски држави, стана реалност.

Народот на тогашна Република Македонија донесе историска одлука на референдум, и со масовна излезност рече – Да за независност и ДА за суверенитет.

Тоа беше уште едно храбро и одлучно соочување со историјата и со околностите кои се закануваа да ја втурнат земјата во Bo ен кон фликт.

Но, и во еден таков период, дојде до израз силната верба во перспективата за нов почеток, за подобар живот и за подобра иднина во независна, во своја држава.

Народот го сочува мирот во земјата и ја прогласи за самостојна својата држава.

Токму нам, на сегашните генерации ни припадна историската чест, но особено одговорноста, да ја освоиме независноста и да ја зачуваме и развиваме македонската држава.

Како држава која е создадена со праведна борба, како држава која достоинствено и без насилство ја освои и својата независност, нашата земја се стекна со посебен углед во светот и се стекна со доверба за да биде посакуван стратешки партнер на најголемите земји од западно-европскиот демократски цивилизациски круг.

Денес, Северна Македонија има сосема извесна европска иднина, јасна идеја и јасен пат кои водат до подобар живот на сите нејзини граѓани.

Северна Македонија е граѓанска држава и слободна татковина на сите граѓани и на сите етнички заедници – Општество за сите.

Едно, единствено и еднакво. – Напиша премиерот Заев на својата страница, каде објави и видео спот:

Related Articles