Васко Ефтов: Луѓето на Бранко работат и му помагаат на Мицкоски

 Breaking News

Васко Ефтов: Луѓето на Бранко работат и му помагаат на Мицкоски

Васко Ефтов: Луѓето на Бранко работат и му помагаат на Мицкоски
May 18
21:48 2020

Васко Ефтов во најновата емисија која е посветена на Заев и Мицкоски, вели дека луѓето кои сега се најлојални на Зоран Заев во еден момент биле во конфликт со Бранко Црвенковски, затоа денес луѓето на Бранко Црвенковски работат и му помагаат на Мицкоски, за да со помош на Христијан Мицкоски да го симнат Заев од врвот во СДСМ. Видео од емисијата и делот во продожение:

Евтов денеска се огласи со свој став и за лидерската средба, тој напиша: По денешната втора лидерска средба, на која нема договор за датум за предвремените парламентарни избори, лидерот на СДСМ ќе мора да најде одговор на три (не)познати. Колку му е лојален Али Ахмети? Колку му е лојален Стево Пандаровски?

Колку може да верува во поддршката на меѓународната заедница?

Ставот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети дека за изборите се важни две работи-здравјето на граѓаните и консензус на политичките партии повеќе е мицковистичко отколку заевистичко гледање на работите.

Дали Ахмети и Мицковски имале или немале тајни средби во овој период и не е толку битно колку што е клучна работата дека коалицијата на СДСМ и ДУИ не е природна коалиција.

Јак СДСМ со влијание во албанскиот електорат е долгорочна закана за ДУИ и Али Ахмети, пишува Ефтов.

Одбивањето, поради процедурални и законски причини да биде свикано Собранието од страна на Талат Џафери, им обезбеди на ДУИ можност да спречат можно формирање на ново мнозинство меѓу СДСМ, Беса, независните пратеници и на тој начин во пресрет на изборите ДУИ да не биде дел од власта.

Тоа ќе беше природен крај на таа ни вода ни киселина коалиција меѓу Заев и Ахмети.

Поради таа коалиција со Ахмети, Заев ја изгуби коалицијата со Алијансата на Албанците и Зијадин Села со што губат и Заев и Села. Заев бидејќи мора да коалицира со Ахмети и на тој начин бомбите и предметите за функционерите од ДУИ да не бидат процесуирани, што ги прави веќе 20 години луѓето од ДУИ граѓани за кои не важат законите во државата.

А од друга страна Села ќе треба да коалицира со групи кои учествувале во неговото тепање на 27 април 2017 година.

Без разлика што политичарите имаа стомак кој може да свари многу работи, има работи што потешко се варат.

Како ќе се однесува Пендаровски? Никогаш Заев и Пендаровски не беа во добри односи. Дури на последниот ден кога требаше да се донесе одлуката за кандидатот на СДСМ на ланските претседателски избори е одржана средбата меѓу Заев и Пендаровски на која Заев му го соопштува на Пендаровски партискиот став дека тој ќе биде нивен претседателски кандидат. Целиот текст прочирајте го тука(ВоЦентар).

Related Articles