Бpaво: Македонец освои 8 милиони долари во Дота 2

October 30
21:53
2022
Секоја чест за Екипата на Тундра која славеше на Светското првенство во популарната е-спорт игра, Дота 2. Дел од шампионскиот тим е и Македонецот Мартин Саздов, познат како „Сакса“, па тие заедно освоија осум милиони долари. Тундра во финалето славеше против Тим Сикрет со убедливи 3-0 и така се закити со трофејот, кој е прв на Светското првенство за Македонецот.