Бројката се намалува: 23 Нови случаи на коронавирус и тоа само во овие 5 градови

 Breaking News

Бројката се намалува: 23 Нови случаи на коронавирус и тоа само во овие 5 градови

Бројката се намалува: 23 Нови случаи на коронавирус и тоа само во овие 5 градови
May 22
12:48 2020

Бројката се намалува во однос на претходните денови со нови случаи, од Министерството за Здравство информираат дека денеска се потврдени 23 нови случаи на коронавирус – вкупната бројка на дијагностицирани 1921, оздравени 9 пациенти.

Во изминатите 24 часа направени се 702 тестирања, а регистрирани се 23 нови случаи на коронавирус и тоа во: Скопје-12, Куманово-4, Прилеп-2, Тетово-4, Неготино-1.

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 9 оздравени пациенти во: Скопје-3, Прилеп-1, Струга-1, Велес-3 и Кочани -1.

Вкупната бројка на коронавирус дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1921, бројката на оздравени пациенти е 1387, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 422. Последната дистрибуција по градови е:

Скопје – 685, активни 178 Куманово – 423, активни 27 Дебар – 51, активни 0 Штип-38, активни 3. Прилеп –206, активни 56 Тетово – 165, активни 76 Струга – 71, активни 4 Велес – 127, активни 49.

Битола –28, активни 9 Охрид –21, активни 6 Кавадарци – 5, активни 0 Гостивар –21, активни 4 Гевгелија – 4, активни 0 Струмица – 3, активни 1 Крива Паланка- 6, активни 1 Радовиш – 4, активни 0.

Крушево – 3, активни 0 Кочани – 31, активни 0 Пробиштип – 2, активни 0 Кичево – 2, активни 0 Неготино -10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).

Демир Хисар – 1, активни 0 Македонски Брод – 2, активни 0 Пехчево- 3, активни 1 Делчево-1, активни 0 Валандово -1, активни 0 Виница – 3, активни 1 Кратово-2, активни 1 Берово-1, активни 1 Свети Николе-1, активни 1.

Направените 702 теста се преку: ИЈЗ –408, Ветеринарен ф-тет -29, Авицена –38, Биотек -33, Филип Втори (Жан Митрев) –39, Систина со PCR метода – 28 и МАНУ -127. Досега во земјата се направени вкупно 24018 тестирања на коронавирус.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 365 теста се во рамките на скринингот.

Направени се 136 тестирања преку ЦЈЗ Велес, 94 преку ЦЈЗ Кочани, 97 преку ЦЈЗ Скопје сите во градинки и 38 тестирања на вработени во геронтолошки установи во Скопје. Не се регистрирани позитивни случаи на коронавирус.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 8 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 56 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 32, крититчно болни и на механичка вентилација се 2 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ се примени 6 нови, а вкупно хоспитализирани 16 пациенти. На респиратор се 5, a со потешка клиничка слика се уште 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 8, на домашно лекување се следат уште 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување.

На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 44 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Related Articles