Бранко патриот: Македонскиот јазик е мојот мајчин јазик, тоа е јазикот на кој говорел мојот татко, мојот дедо, и дедото на мојот дедо

 Breaking News

June 29
19:41 2021

Бугарија сака денес да го добие тоа што не успеа со балканската и двете свет ски во јни – оцени поранешниот македонски претседател Бранко Црвенковски во обраќањето на форумот за западен Балкан во Сараево.

Она што Бугарија не успеа да го постигне во Втората св етска во јна од 41- 45та со оp у жје и воени средства, денес сака да го постигне користејќи го нејзиното членство во ЕУ и правото на в ето за носење одлуки.

Мене ми е ставот на Бугарсија потполно јасен, но она што мене ме интересира е како на ова гледаат останатите членки на ЕУ, изјави Црвенковски.

Тој жестоко реагираше и на излагањето на поранешниот претседател на Бугарија Росен Плевнелиев кој ги повтори познатати тези за македонскиот народ и јазик како титова творевина.

Јас мојата реакција на изјавата на претседателот Плевнелиев ќе ја почнам на македонски јазик. И тоа не случајно.

Тоа е мојот мајчин јазик, тоа е јазикот на кој говорел мојот татко, мојот дедо, и дедото на мојот дедо.

Значи неколку генерации пред мене кои што биле и родени и живееле уште пред да се родат и Јосип Броз Тито и Сталин.

Значи никој, јас барем никого не знам и нема успеано во историјата на вештачки начин да креира нова нација.

Имало обиди, но ниту еден успешен, изјави Црвенковски. Канал5 видео во продолжение:

Related Articles