Браво бе: Јакимовски вели дека Заев му е пријател и интересен му бил

 Breaking News

Браво бе: Јакимовски вели дека Заев му е пријател и интересен му бил

Браво бе: Јакимовски вели дека Заев му е пријател и интересен му бил
May 26
20:22 2022

Стевче Јакимовски, Градоначалникот на општина Карпош обелодени дека е пријател со поранешниот премиер Зоран Заев.

Мене господинот Заев ми е пријател и интересен ми е.

Десетина дена пред изјавата ми се јави да ми честита за победата. Сметам дека тој не го мислел тоа што го кажа.

Веројатно му требала изјавата за дневна политика. Длабоко во себе не мисли така.

Противниците знаат дека Стевче Јакимовски не е криминалец, не е неспособен, не е глупав, има идеи и потези, рече Јакимовски во емисијата „Само интервју“.

Пред околу седум месеци, додека Заев беше на функцијата премиер, во една прилика изрази чудење за изборот на граѓаните во оваа општина, откако Јакимовски победи на локалните избори.

Почит кон секој човек, но не можам да сфатам што се случи во Карпош, таму живее интелигенцијата, истакна Заев. ИзворПрес24.

Related Articles