Борис Стојменов: Бараат милион евра митo, не им давам

 Breaking News

Борис Стојменов: Бараат милион евра митo, не им давам

Борис Стојменов: Бараат милион евра митo, не им давам
July 25
16:53 2020

Денес, пред камерите на ТВ21, Бизнисменот и ексминистер Борис Стојменов обвини дека Општина Центар му бара еден милон евра митo за да продолжи да го гради хотелот за кој 4 години има целосна документација и рече дека ќе се спротивстави.

Тој ова го изјави за ТВ21 по инц идентот што се случил утрово на градилиштето на ТЦЦ „Плаза“.

Четири години со платени комуналии, платено се, не може да градиме затоа што бараат милион евра митo. Не им давам митo – порача Стојменов. Извор ТВ21.

Инспектори заедно со полицијата интервенирале на градилиштето за да ја стопираат градбата на објектот.

Градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ на Фејсбук информира дека инвеститорот не поседува одобрение за градење.

Related Articles