Борисов 3 пати се извини што не нарече северномакедонци: згрешив, извинете, простете, згрешив

 Breaking News

Борисов 3 пати се извини што не нарече северномакедонци: згрешив, извинете, простете, згрешив

Борисов 3 пати се извини што не нарече северномакедонци: згрешив, извинете, простете, згрешив
August 01
12:33 2019

Дури не би сакал да помислам дека може да дојде до такво нешто. Јас никогаш нема да кренам рака против Република Северна Македонија, одговори бугарскиот премиер Бојко Борисов прашан дали е можно Бугарија да ја блокира Македонија за членство во ЕУ.

Борисов на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев три пати се извини дека неодамна Македонците ги нарече северномакедонци.

Таквите прашања не ставаат во понижувачка состојба. Професорот Ангел Димитров ми даде една историска лекција, на секое ритче каде прелетавме загинале многу луѓе за ние да бидем заедно.

Извинете што реков северномакедонци, вие сте граѓани на Република Северна Македонија. Простете, не сакав тоа да го кажам а беше претставено како да сакам некого да убијам.

Ако дојдеме да гласаме во ЕУ против Северна Македонија ќе ни се смејат сите. Зоран е сведок како се борев со Германија и Франција за датум за преговори. Ние нема да допуштиме да се блокира Северна Македонија – рече Борисов.

Второто извинување од Борисов дојде по уште едно новинарско прашање поврзано со неговата изјава во Сараево каде Стево Пендаровски го нарече северномакедонски претседател.

Згрешив со тоа што реков северномакедонци, се извинив. Повторно се извинувам бидејќи вие ме прашувате повторно – рече бугарскиот премиер.

Последното извинување на Борисов беше со зборовите „згрешив, тогаш згрешив“ кој тој ги кажа од говорницата во прес-центарот на Владата кога од ПР тимот соопштија дека завршува прес-конференцијата.

Борисов е дециден дека до октомври комисиите мора да најдат решение за историските прашања.

Со мене е професорот Ангел Димитров, претседател на Комисијата, како и Ангел Џамбаски за да ги обединиме нашите заеднички напори, секојдневно треба да работиме.

Времето е кусо за да завршиме со овие конфликтни теми. За сите херои за кои зборуваме, го дале својот живот за да може ние денес тука да стоиме заедно.

Не би било чесно во однос на нивната идеологија, не би било чесно, тие мечтаеле за автономија и сето тоа го развиваме и се надевам историчарите не само што нема да попречуваат, туку ќе вложат огромни напори да најадат правилно изразување на историјата, за како што рече Заев заедно да може да се поклониме на нивните гробови – рече бугарскиот премиер.

Related Articles