Боки тредичи до Камчев: Орце, срце мое – Утре се гледам со него, со Зоки (цело видео со превод)

 Breaking News

Боки тредичи до Камчев: Орце, срце мое – Утре се гледам со него, со Зоки (цело видео со превод)

Боки тредичи до Камчев: Орце, срце мое – Утре се гледам со него, со Зоки (цело видео со превод)
August 10
07:22 2019

Италијанскиот весник Ла Верита денеска објави уште едно видео кое е четврто и најголемо до сега, скоро половина час за слушање и тоа со пуканки. Транскрипт од дел од разговорот:

Боки 13: Кога викаш дека си законски чист, јас те разбирам. Многу маневрации си ги направил премногу интелигентно.

Орце Камчев: Јас и ти сме слични за тие работи.

Боки 13: Не може да правиш како Сашо Мијалков, тоа е пичкин дим за тебе. Да не беше Мијалков во предметот и целата таа фама дигната, ништо не се случува. За мозок никој не може да ти оспори. Ако порано беше дека само се курчи и татко му направил пари, сега веќе не.

Орце Камчев: Татко ми се друга генерација луѓе.

Боки 13: Друга.

Орце Камчев: Шефе, Македонија треба да искористи такви луѓе како мене, како тебе. Во различни сегменти. Не да ги гази во секој поглед.

Друг транскипт на дел од разговорот е :

Боки 13: Утре се глеам со него

Орце Камчев: Со Дејан?

Боки 13: Не

Орце Камчев: Со Жаре?

Боки 13: Со Зоки.

Орце Камчев: Со Зоки?

Боки 13: Со Заев.

Италијанскиот новинар во својот прилог го споменува и познанството на Боки 13 со премиерот Зоран Заев, а во видеото Боки 13 му потврдува на Камчев дека он ќе му „замачка“ очи.

Боки 13, освен што бил во координација со првиот човек на СЈО, Катица Јанева, тој исто така бил во координација за случајот „Рекет“ и со премиерот на Македонија, Зоран Заев, објавува италијанскиот весник „Ла Верита“.

Од разговорот се слуша дека, најевројатно специјалната обвинителка Катица Јанева на Камчев му вели дека Лиле Стефанова, обвинителката која го води случајот „Империја“, е под нејзина контрола.

Јас сум премногу ангажирана затоа не ја држам редовно под контрола. Инаку она без мене не може ништо“, му вели веројатно специјалната обвинителка Катица Јанева на бизнисменот Јордан (Орце) Камчев.

Бојан Јовановски вели дека Камчев се плаши од Стефанова, ама потоа добро се разбираат дека во април обвинителството мора да има некакви активности за овој случај, па затоа биле повикани некои сведоци, за што Камчев изразил одредена загриженост.

Добро“, вика Јанева од другата страна, по што Боки 13 продолжува: „Они точно ги поднеле кај оваа, се повикале врз основа на начелното правно мислење кај Димишкова.

Во случај она да не одлучи, он ќе го прати тоа среда-четврток со гаранциите за пасошот, после со спогодбата ќе иде и тоа другото така да се е ок“.

Да се е договорено, како што е со Боки договорено“, се уфрла Камчев, а од другата страна се слуша Јанева велејќи „добро, добро“.

Пред да се заврши разговорот, таа кажува дека „другото, се го држи под контрола“, кога ја прекинува Боки 13 кој посочува оти Камчев се плаши од Лиле, а бизнисменот вика: „Не се плашам..“

Јас многу сум ангажирана затоа не ја држам така редовно под контрола, инаку без мене она не може ништо“, вели Јанева, а Камчев кометира: „така е, така“.

Вториот дел од снимката е телефонски разговор помеѓу Камчев и Боки 13, кога бизнисменот кажува дека осум души добиле покана од СЈО, меѓу кои ги споменува „братот на Ана“, „Миро МПМ“.

Од другата страна на линијата Боки 13 не е сам туку со женско лице, чиј глас се слуша послабо, а осомничениот во Реkет“ ја прашува за тоа што му го кажува Камчев и му пренесува: „Подобро заради постапката за да пројде сè за на крај да биде силна спогодбата“.

Кога Боки 13 ја прашува дали има нешто да додаде, таа вели „за малку активности да има во април“.

Разговорот се завршува со тоа кога Камчев прашува „значи тежничко прашање, така? Да не збориме многу“, а Боки 13 одговара потврдно.

Камчев додава „шминка, шминка, чао“.

Ама по разговорот со Јанева се разбираат дека станува збор за техничко прашање, за шминка.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles