Бидна и тоа, Протуѓер раскажа за Груевски, купил плац ама сакал да живее во Сопиште

 Breaking News

Бидна и тоа, Протуѓер раскажа за Груевски, купил плац ама сакал да живее во Сопиште

Бидна и тоа, Протуѓер раскажа за Груевски, купил плац ама сакал да живее во Сопиште
December 07
21:07 2021

Мартин Протуѓер, Поранешниот Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и на Владата, денеска сведочеше пред судот за случајот Плацеви на водно.

Би сакал да појаснам дека од 2005 година имавме коректен однос.

Сме дискутирале на најразлични теми поврзани со секојденвниот живот, од политички до приватни теми.

Се сеќавам дека во повеќе наврати зборувавме за тоа кој каде би сакал да живее по звршување на мандатот.

Му велев дека цел живот живеам во стан и не би менувал.

Но тој и покрај тоа што исто така што живееше во стан, рече дека сака да живее во куќа, рече Протуѓер.

Тој речедека Груевски му кажал дека сака да живее во Сопиште.

Често пати зборувавме и за локации, која е најдобра за живеење. Лекарите заради некои  хрони чни состојби му препорачуваа да живее на повисоко место.

Беше некако запнат за локација како Сопиште итн. Сакаше да живее во куќа,  мислеше дека така ќе најде мир, рече сведокот.

Протуѓер рече и дека Груевски му спомнал дека купил земјиште на Водно.

Мене ми беше невообичаено бидејќи околу 2012 година ми спомна дека земал некое земјиште од 10.000 квадрати некаде на Водно.

За волја на вистината, за други детали не сме разговарале.

Тој беше таков човек, сакаше да беше внимателен, претпазлив и ако не сака да каже нешто не кажуваше, рече Протуѓер.

Тој додаде дека и покрај тоа Груевски продолжил да зборува за Сопиште.

Посебно зборувавме во 2015 година кога сакав да го продадам станот, а тој повторно ја врати темата за Сопиште, како да не се десило тоа за земјиштето во Водно, повеќе не спомена, рече сведокот. ИзворПрес24.

Related Articles