Бесплатното паркирање во Hug&Fly зоната трае 10 минути, велат од ТАВ Македонија
ТАВ Македонија се огласија за услугата „hug and fly“, која на корисниците им овозможува 10 минути задржување. Би сакале да ве информираме дека бесплатното паркирање во Hug&Fly зоната, односно на улицата пред аеродромската зграда на Меѓународниот Аеродром Скопје трае 10 минути, токму онака како што пишува на информативните табли за патници и на самите билети.
Ве замолуваме како меродавно да го сметате времето на влез отпечатено на билетот за паркирање, и согласно тоа, да го планирате вашиот престој во било која од зоните за паркирање на Меѓународниот Аеродром Скопје.
Следејќи ги светските трендови во авијацијата и аеродромското управување, Hug&Fly зоната ја воведовме пред две години, со цел да го намалиме метежот кој се создава од многуте возила паркирани пред терминалната зграда, и воедно да го олесниме движењето на нашите патници непосредно пред нивнитeлетови, напишаа од таму.
За повеќе информации во врска со паркингот на Меѓународниот Аеродром Скопје, посетете ја веб-страницата, на следниот линк: http://skp.airports.com.mk/default.aspx?ItemID=375.