Башевска: Со закон таткото да мора да оди три месеци на породилно отсуство

 Breaking News

Башевска: Со закон таткото да мора да оди три месеци на породилно отсуство

Башевска: Со закон таткото да мора да оди три месеци на породилно отсуство
February 10
08:15 2020

Невладиниот сектор повеќе од 10 години бара да биде поделено правото на родителите да отсуствуваат од работа кога ќе им се роди дете. Претседателката на организацијата „Реактор“ Марија Башевска за Детектор вели дека е неопходно „породилното“ отсуство задолжително да го користи и таткото, односно и тој да биде задолжен определен период да отсуствува од работа за да се грижи да тукушто роденото дете, пишува Прес24.

Во моментов носители на правото на родителско односно породилно отсуство како што се нарекува во нашиот закон се само мајките. Татковците можат да искористат дел од тоа породилно отсуство само доколку мајката се откаже односно не е во можност да го земе. Значи татковците не се носители на такво право. Имаат можност да земат до 7 дена но тоа се води како боледување но не како породилно отсуство. Крајно време е да го направиме тоа како земја. Треба да ја видиме таа одлучност и од креаторите на законот – вели Башевска, пишува Прес24.

Таа вели дека за ова разговарале и со креаторите на законите и дека имаат чувство дека постои расположение за вакви измени. Вели дека невладиниот сектор веќе има изготвено анализи и истражувања кои може да се користат како појдовна основа.

Не секогаш од сам старт еднаквата поделеност е можеби најдобриот модел. Но она што ние треба да го направиме е да почнеме да воведуваме полека, дали тоа ќе биде минимум еден месец, ние инсистираме да бидат минимум 3 месеци кои што ќе бидат непреносливи за таткото и кои што ќе дадат можност родителите да го комбинираат тоа отсуство меѓутоа барем еден месец на почетокот на добивањето на детето, за партнерите да можат да сфатат како изгледа тој процес и да можат да го учат родителството – вели Башевска, објави Прес24.

Related Articles