Ајдее: Русите заплениле земјоделски машини вредни 5 милиони долари, ама не можат да ги вклучат, јавува СHH

 Breaking News

May 03
07:39 2022

Како што пишива Слободенпечат, руската војска на бојните полиња во Украина запленила земјоделски машини вредни околу пет милиони евра, но машините се исклучени „на далечина“ и не може да се вклучат, објави „Си-ен-ен“, повикувајќи се на локален бизнисмен.

Вредните земјоделски возила и машини биле запленети по освојувањето на градот Мелитопол и околината, која е во срцето на житните полиња на Запорожје, во југоисточна Украина.

Руската војска наводно ги однела машините во Чеченија, на околу 1.100 километри од Мелитопол, но таму увидела дека тие се бескорисни, затоа што се исклучени „на далечина“ и заштитени со веројатно непробојни компјутерски кодови.

ГПС-опремата за следење покажува дека машините, меѓу кои има и огромни комбајни, сега се во близина на чеченскиот главен град Грозни, тврди бизнисменот.

Кога окупаторот ги однесе украдените комбајни во Чеченија, сфатија дека не можат ни да ги вклучат, затоа што тие се „заклучени“ на далечина“, вели изворот за „Си-ен-ен“. ИзворСлободенпечат.

Related Articles