Артан Груби: 3арем толку ги пoтценувате луѓето дека така лесно преку ноќ ќе станат нешто друго

Никој никого не може, под било кои околности, да го асим илира во 21 век, во 2022 година, во денешниов свет.
Абсу рден и навр едлив е напорот за наметнување на стр ав.
Денес се се знае, ништо не може да се скрие!
Вое ни окупа ции, масо вни зл о ини, не успеаја во минатото да асими лираат народи, а денес тоа било наводно “можно” преку билатерален договор.
Тој договор има јасни взаемни обврски и двострани можности да се одбие, да не се прифати или да се стави вето, во било кое време, на било кој елемент, кој што може да спори идентитет, јазичен, културен, историски или е едноставно неприфатлив.

Ако некој е несигурен во својот идентитет и стравува за себеси, тоа зборува за личноста и силата на неговиот карактер и како и колку го вреднува својот народ, а никако не може да се однесува на цел еден народ кој што не се асим лирал со векови.

Наметнување на хис ерија за асим лација е нав реда, зарем толку ги потценувате луѓето дека така лесно преку ноќ ќе станат нешто друго?

Истото го велеа и за Преспански, ќе изчезне Македонија.

Сонцето изгреа и утредента и секој ден, но сега како членка на НАТО!
Да ве потсетам што велеа за Албанскиот јазик, Ти анската платформа, ќе ве казну ваат ако не знаете Албански, македонскиот јазик ќе изчезне, државата ќе ја снема.
И што се случи? НИШТО!

Напротив, државата наша стана посилна со еднакви граѓани.
Јас сум Европјанин и сакам да сум дел од Унијата со сите мои, но и со сите особености на моите сограѓани македонци, етнички, јазични, културни, идентитетски, духовни особености.
Утре пак ќе треба да се видиме, да се поздравиме, ниту вие ја сакате државата повеќе од нас, ниту ние повеќе од вас, разликата е во храброста за да донесеш правилна одлука која што ќе и ја донесе тапијата на државата преку нула отворени прашања со соседите.

Внатрешно ги уредивме прашањата со Охридскиот договор, со Грција преку Преспанскиот, со Србија преку аутокефалноста, остана уште сп орот со Бугарија за да се заокружи и затвори вековното спорење кое потфрли да ги асимилира народите на овие предели.

Не успеаја ниту римјаните, ниту византијците, ниту отоманите, ниту србите и бугарите, не успеа никој, и нема да успее никој.
Затоа, не ла ете, не ги пла ете луѓето, читајте и надминете се себеси, мислете и делувајте за утрешна европска Македонија! – напиша Артан Груби на својата фејсбук страница.