Артан Груби: Планирани се вкупно 1,2 милиони вакцини, пари за тоа има

 Breaking News

Артан Груби: Планирани се вкупно 1,2 милиони вакцини, пари за тоа има

Артан Груби: Планирани се вкупно 1,2 милиони вакцини, пари за тоа има
March 15
21:47 2021

Како што пишува Прес24, Вицепремиерот и министер за политички систем, Артан Груби во гостувањето на ТВ 21 рече дека големи пратки од вакцини ќе пристигнат на почетокот на април.

Појасни дека министерот за здравство Венко Филипче го известил оти на почетокот на април ќе пристигнат 800.000 вакцини од КОВАКС и уште 200.000 од кинеската Синофарм.

Со Фајзер сме во постојана комуникација, во процедура сме и со Спутник, има директни контакти, правиме напори да ги обезбедиме што поскоро вакцините.

Комуникацијата оди преку Филипче и премиерот Зоран Заев. Планирани се вкупно 1,2 милиони вакцини, пари за тоа има“, вели Груби. Според него, премиерот Заев и Филипче се во постојана комуникација со Фајзер, ИзворПрес24.

Related Articles