Апелација на нозе, ќе ја пpијават Русковска за зakaнувачka порака

 Breaking News

Апелација на нозе, ќе ја пpијават Русковска за зakaнувачka порака

Апелација на нозе, ќе ја пpијават Русковска за зakaнувачka порака
November 20
14:28 2019

Апелациониот суд Скопје вчеравечер по пуштањето на поранешната шефица на СЈО Катица Јанева во домашен притвор, се кренал на нозе откако обвинителката Вилма Русковска му испратила смс порака на еден од тројцата судии кои донесоа одлука да ја пуштат Катица, дека ќе отвори финансиска истрага, јавува СДК.МК.

САКАМДАКАЖАМ.МК дознава дека за утринава рано веќе бил закажан колегиум за содржината на пријавата до МВР против Русковска кон тројцата апелациони судии кои ја донеле одлуката за Јанева. Од Апелациониот суд велат: „Само нека повели, вратите ѝ се отворени“, пишува СДК.МК.

Русковска синоќа јавно соопшти дека ќе отвори финансиска истрага против тројцата судии.

Инаку, Катица Јанева вчера беше спроведена од затворот во куќен притвор во станот на син и во Центар, а го криеше лицето со качулка и не одговори на ниедно новинарско прашање.

Related Articles