Апасиев кажа јака работа, новиот министер дипломирал во Pусија Ломоносов универзитет

Пратеникот Димитар Апасиев, инаку лидер на Левица, на говорницата на денешната собраниска седница истакна дека професорот Никола Тупанчевски, кој е кандидат за министер за правда, е единствена светла точка во новата влада.
Има најчиста биографија, дипломирал на Ломоносов универзитет, што можеби ќе ви направи проблем, да ве третираат како руски ш пион овие еуфундамен талисти на Маричиќ.
Мачно ќе ви биде во Владата, ќе дојде брзо денот кога ќе ви пу кне филмот и ќе си заминете – рече Апасиев.
Инаку, Московски државен универзитет „М. В. Ломоносов“ (руски: Московский государственный университет имени М. В. Ломоносова) — најголемиот и најстариот универзитет во Москва, Русија. Универзитетот бил основан во 1755 година.
Според податоците од 2004 година, универзитетот има 4.000 вработени, а на истиот студираат околу 31.000 студенти и со околу 7.000 постдипломци.
Моментален ректор на универзитетот е професорот по математика Виктор Антонович Садовничи.
Универзитетот бил основан по иницијатива на Иван Иванович Шувалов и Михаил Василевич Ломоносов, по наредба на руската царица Елисавета на 25 јануари 1755 година.
Првите предавања биле одржани на 27 април. Денот 27 јануари се прославува како ден на студентите во Русија.