Апасиев го повика портпаролот на СДСМ, Костадинов на ТВ Дуел, дали ќе прифати?

 Breaking News

Апасиев го повика портпаролот на СДСМ, Костадинов на ТВ Дуел, дали ќе прифати?

Апасиев го повика портпаролот на СДСМ, Костадинов на ТВ Дуел, дали ќе прифати?
November 28
08:06 2019

Професорот на Правниот факултет на Универзитетот во Штип и лидер на Левица, Димитар Апасиев бара ТВ дуел со пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов, неговиот фејсбук статус во продолжение интегрално:

ЈАВЕН ПОВИК ДО ПОРТПАРОЛОТ НА СДС(С)М – КОСТАДИН КОСТАДИНОВ ЗА ТВ ДУЕЛ!

Денес, црвено-буржујското курајберче – Коста од СДС на „Нашата Земја“ (кој своевремено си ја вработи мајката во Централен регистар и кој како пратеник, само од патни трошоци, кешира поише од мојата годишна заработувачка!), открил „топла вода“ спакувана во обландата на комуњарско-партиската кујна, стара дури три-четири години, која своевремено ја пласираше куртонската ТВ Сител на чело со Началникот Латас (види линк од нарачан прилог на Ацо Сармата од 2016 год.) – а тоа е дека „професорот Апасиев, пази богати, наплатувал за своите дадени интелектуални правни услуги“!? ?

Ај пренесете му на курево дека ја у живот иам едно принципиелно мото од кое не отстапуем: СТРУКА РАБОТАМ ЗА ПАРИ (оти од тоа живеам и ранам фамилија), А АКТИВИЗАМ ЗА БЕСПАРИ!
У кариерава сум давал висококвалитетни консултантски правни услуги, за кои сум обучен и школуван, на синдикати, здруженија на граѓани, фондации, правни лица и сл.

– и секогаш сум наплаќал, оти ја не сум професионален политичар кој живее од апанажи и дневници за службени патувања со швалерките, ниту пак арабаџија за да продаам муда за бубрези, туку професор по право кој е меѓу поценетите у фелата и кој „продава“ знаење у кое сум вложил пола живот и пичкљарда лични финансии за дообразување, кои сум ги немал, и за што ќе ми требаат два живота да ги отплатам (btw, уше враќам кредит за докторатот 😉 Али пошо ти си дипломирал на ФОН кај Фијат Цановски, од кај шо можеш само да паднеш од столче, а не и на испит – џабе ќе ти објаснуем. Па затоа, да преминам на главното…

Сите знаат дека во првите шест месеци по основањето на СЈО бев КОНСУЛТАНТ за цивилно-правни прашања. На нивно барање.

Ти си природно глуп да ти објаснуем шо тоа значи, ама еве за пошироката публика: тоа опфаќа изготвување компаративно-правни анализи за законска регулатива на одредена нејасна проблематика; следење и ажурирање на јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права; тематски експертски анализи и длабински истражувања за специфични стручни теми од интерес; испитување на граѓанско-правните аспекти на имотната конфискација и предлози за подобрување на т.н. антимафијашко законодавство; концептуално врамување на обвиненија при елементи на т.н. злосторство од омраза; реобмислување на теорискиот уставен концепт на ЈО и неговата положба и статус во правосудниот систем; логографски услуги при јавни презентации и настапи и сл.

Има и други занаетчиски работи и финеси, ама имам обврска за чување службена тајна, па не можам сите да ти ги нацртам… ТАРИФАТА, куре, за вакво нешто у фелата е 25 евра од час! Распрашај се у стручни кругови пред да се бламираш у етер и ќе видиш дека ја сум наплатил и евтино за сработеното ?

(а за тоа дека у живот имам напишано повеќе страници бесплатни тужби и поднесоци за сиромашни граѓани, работници, стечајци и социјални случаи од тоа колку шо ти, Заев, Милчин и Тортевски имате книги прочитано – во некоја следна прилика 🙂

Не заборавај, курле, дека контекстот на СЈО тогаш и сега не е воопшто ист. Tогаш, батка, беше златното време на СЈО, коа обвинителките беа „рок стар“! Ги носевте на маици со твоите сопартијци у Шарена револуција и се одмочуевте на секое нивна прес-конференција која рушеше рекорди по гледаност, оти искрено мислевме дека ќе донесат Правда и затвор за кримосите, а не промена на уставното име преку уцени и притисоци.

Протестиравме секој ден во шест и со жив штит го чувавме, плашејќи дека корумпираниот Уставен суд ќе го укине. Ти текнуе 😉

А тогаш, да те потсетам, на власт уше беше РЕЖИМОТ на Грујо. Додека ти беше локално функционерче – заменик градоначалниче у Струмица и си седеше на твоето депилирано газенце у топлото, ја бев уше неизбран доцент на „вмровски“ универзитет. У жижата!

А тогаш, у пикот на груевизмот, да бидеш против него значеше следново, бе ашлаче: мобинг на работа, прислушкуван телефон, следење од непознати битанги на улица, дофрлање на паркинзи у темното; „поздрави“ у поштенско сандаче; блиндирање со светлата на BMW со затемнети стакла, искршена шофершајбна на колата, константни смс и инбокс пораки со закани по живот од телохранителите на Мијалков (види слика у коментар)…

Btw, да те потсетам дека ја бев једини од СЈО кој сам се повлече после пола година, оти оценив дека ќе имам професионален СУДИР НА ИНТЕРЕСИ да учествувам во кривичното гонење на моите политички непријатели.

Затоа, немој да ми морализираш преку фејсбук за нешто што чесно сум го изработил, туку одбери си телевизија по твоја желба, од вашите провладини, и излези на ТВ ДУЕЛ лично со мене – очи у очи! Да ме видиш у сурат, а не да ми какаш од дома по фб.

p.s. Носи си ја со тебе и Годишната даночна пријава од УЈП за последниве три години откога си на власт. Ќе ја носам и ја мојата – па јавно ќе ги покажеме приходите пред камери ?

Те чекам!

Update: Ми пиша другар у инбокс за мотивите, т.е. од кај иде нервозата на СДСМ и хорскиве обиди за дискредитација… Оти ЛЕВИЦА дрмала на последните интерни анкети! <3 #ЖолтаДуњаЗеленБорБрзоЧекамОдговор

Related Articles