Апасиев: Глеам сите ногу големи правници станаа, па ај вака ја коо кондураџија, да се обидам стручно да објаснам некои работи, ама со пpocт јазик

 Breaking News

Апасиев: Глеам сите ногу големи правници станаа, па ај вака ја коо кондураџија, да се обидам стручно да објаснам некои работи, ама со пpocт јазик

Апасиев: Глеам сите ногу големи правници станаа, па ај вака ја коо кондураџија, да се обидам стручно да објаснам некои работи, ама со пpocт јазик
August 22
21:22 2019

Глеам сите ногу големи правници станаа, па ај вака ја коо кондураџија, да се обидам стручно да објаснам некои работи – ама со пpocт јазик…

„ВД Специјален обвинител“ не пocтои! Значи, она шо го збореше републичкиот јавен обвинител Јовески вчера на пресот, народски кажано, е тикви со расол ?

За да супсидијарно се примени Законот за ЈО во конкретниов случај, Катица Јанева прво мора да биде РАЗРЕШЕНА!
А за да биде разрешена има едно чудо процедура со пичkљарда фази – па ќе се обидам да ви доловам:

(1) Вилма Русковска треба да подготви ИЗВЕСТУВАЊЕ до Советот на јавни обвинители дека е покрената kpивична постапка против Катица;

(2) Советот изготвува писмен ИЗВЕШТАЈ за основите за разрешување поради нестручно и несовесно работење – кој го доставува до јавноста и до парламентарната Комисија за избори и именувања;

(3) Комисијата доставува ПРЕДЛОГ до Собранието на РМ за разрешување;

(4) За предлогот мора да постои претходна СОГЛАСНОСТ на четирите политички партии со најголем број пратеници;

(5) Собранието на РМ, со двотретинско и бадентерово мнозинство, го усвојува ПРЕДЛОГОТ за разрешување и го праќа повторно до Советот на јавни обвинители;

(6) Дури сега Советот носи ОДЛУКА за разрешување на специјалниот обвинител;

(7) Разрешениот обвинител има право на ТУЖБА против Одлуката за разрешување пред Основниот граѓански суд Скопје за враќање на работа 😉

#СичкоСиИмаПроцедураБе – Напиша Димитар Апасиев на својот фејсбук профил.

Related Articles