Антонио Милошоски оди во самоизолација, неговата мајка е позитина на коронавирусот

 Breaking News

Антонио Милошоски оди во самоизолација, неговата мајка е позитина на коронавирусот

Антонио Милошоски оди во самоизолација, неговата мајка е позитина на коронавирусот
June 26
20:51 2020

Вечерва се огласи Антонио Милошоски, тој на својот фејсбук профил напиша дека оди во самоизолација, затоа што неговата мајка е позитина на коронавирусот. Во продолжение неговиот статус интегрално:

Драги пријатели, мојата мајка Светлана Милошоска, која 40 години работи како медицинска сестра во болницата во Кичево, попладнево ме извести дека е позитивна на Ков ид-19.

Веднаш по известувањето бев исконтактиран од надлежниот епидемиолог од Битола кој според здравствениот протокол ми пропиша мерка самоизолација до 6ти јули, заради кратката средба со мајка ми пред 5 дена во Кичево.

Мерката доследно ќе ја почитувам, како што ги почитував и правилата за носење на маска и честа хигиена во изминативе 4 месеци. До 6ти јули ќе имам две задолжителни тестирања од надлежните медицински лица. Инаку се чувствувам добро и засега немам никакви симптоми.

Она што ние како луѓе треба да го правиме е да ги применуваме заштитните мерки, да бидеме внимателни во однос на пандемијата, и да ги почитуваме советите на лекарите. Останатото е на науката и на Бога.

Ви благодарам за сите добри желби за моите родители и Ви посакувам добро здравје.
Ваш, Антонијо Милошоски

Related Articles