Алфа ТВ: Пpиведени за иcтаkнување на cонцето од Kутлеш, блокиpано МBР во Охрид (ФОТО)

 Breaking News

Алфа ТВ: Пpиведени за иcтаkнување на cонцето од Kутлеш, блокиpано МBР во Охрид (ФОТО)

Алфа ТВ: Пpиведени за иcтаkнување на cонцето од Kутлеш, блокиpано МBР во Охрид (ФОТО)
September 08
20:19 2019

Телевизија Алфа јавува дека е тензично во Охрид и во селото Волино од каде што се приведените лица во охридската полициска станица.

По фудбалски меч во регионалната лига, биле приведени неколку луѓе, меѓу нив и еден од фудбалерите, затоа што на трибините се вееле знамиња со сонцето од Кутлеш и затоа што се сканидале навредливи реченици за премиерот Заев и против новото име на државата.

Жител на Волино пред полициската станица во Охрид за Алфа изјави дека по кратка расправија меѓу навивачите тројца биле приведени од полицијата.

Се створија тензии, ги блокиравме полициските возила, а потоа, откако ги одведоа во Охрид и ние дојдовме пред полицискта станица – рече очевидецот на настанот во изјава за Алфа.

Во Волино велат дека се патриотски расположени, секогаш ги веат знамињата со сонцето од Кутлеш, како и дека очекувале полицијата да направи некаков чекор против нив.

За нив, овој инцидент е предизвикан со намера за веќе во селото никогаш да не се појавува знамето со сонцето од Кутлеш. Извор: ТВ Алфа.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles