Аиpлија: Владата ќе ги објави фирмите кои ги креваат цените на производите неосновано

Како што јавува Сител, уште најмалку еден месец ќе се чекаат владините мерки за ублажување на ценовниот ш ок.
Премиерот Ковачевски вели дека се уште трае постапката за редизајн на мерките кои ќе треба да ги намалат цените на основните продукти,
а нивната примена ќе почне откако ќе завршат анализите.
Во меѓувреме, Ковачевски вели инспекциите ќе контролирале со колкава маржа се продаваат прехранбените производи.
На вештачко поскапување посочува вицепремиерот за економски прашања.
Според Битиќи, преку ноќ за една тестенина, маржата се зголемила од четири на повеќе од 70 проценти, иако како што вели вицепремиерот, немало услови за таква промена.
Освен ка зни, Битиќи вели и дека ќе ги објават компаниите кои го злоупотребиле поскапувањето.
Во меѓувреме, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека инфлацијата во државата пораснала и до 100 проценти,
а не како што тврделе од владата дека стапката на инфлација изнесувала десет и пол отсто.
Пресметките на власта, партијата ги нарече весела математика и статистичка шминка.
Од владата велат дека со ребаланс на буџетот предвидени се 80 милиони евра за антикризни мерки како помош за граѓаните и стопанството. ИзворСител.