Аирлија: Од септември се зголемуваат платите за полицијата и за администрацијата вработена во МВР и тоа за 5 проценти

 Breaking News

Аирлија: Од септември се зголемуваат платите за полицијата и за администрацијата вработена во МВР и тоа за 5 проценти

Аирлија: Од септември се зголемуваат платите за полицијата и за администрацијата вработена во МВР и тоа за 5 проценти
July 26
21:11 2022

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа 65-та седница.

Премиерот и министрите на почетокот на седницата со едноминутно молчење оддадоа почит на жртвите од катастрофалниот земјотрес во Скопје, на 26 јули 1963 година.

На седницата се донесени повеќе одлуки, меѓу кои Владата го задолжи Министерот за внатрешни работи,

да ги преземе сите потребни активности за реализација на покачувањето плати во МВР во висина од 5 проценти,

почнувајќи со платата од септември 2022 година, по известувањето од Министерството за внатрешни работи дека во буџетот на МВР за 2022 година се

предвидени средства за ваквото покачување од месец септември и барањето на МВР за донесување ваков заклучок, со цел да се направи промена на решението за вредноста на бодовите.

Владата, на предлог на Министерството за образование, одлучи да даде согласност за бројот на студентите кои се запишуваат на трет

циклус на студии на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово во академската 2022/2023 година, како што е предвидено во конкурсот на универзитетот.

Владата донесе одлука, на предлог на Министерството за одбрана, за испраќање 134-ца припадници на Армијата на Република Северна Македонија,

за учество на вежбата „SABER JUNCTION 22“, којашто ќе се одржи во Сојузна Република Германија, во период од 28 август до 21 септември 2022 година.

На денешната владина седница е разгледана и усвоена и Информацијата од Министерството за одбрана за влегување и престој на странски воору жени сили на територијата на Република Северна Македонија,

за изведување обука за евакуац ија на лица во тешко проодни планински услови.

Владата, на предлог на Министерството за надворешни работи, одлучи и да бидат отворени два нови конзулата: почесен конзулат на Република Северна Македонија,

во Република Хрватскa, со седиште во Риека и почесен конзулат на Република Северна Македонија, во Република Турција, со седиште во Сивас. ИзворВлада.мк.

Related Articles