Зошто одбирам да одам во кафана наместо на кафе?

 Breaking News

Зошто одбирам да одам во кафана наместо на кафе?

Зошто одбирам да одам во кафана наместо на кафе?
January 18
17:41 2018

Повеќе сакам кафана затоа што атмосферата ме исполнува и тоа максимално. Чашка две вино е подобро за моето здравје отколку јако горко кафе кое ми предизвикува тахикардија. Во кафана можам да пеам и никој да не ме гледа чудно, а обожувам да пеам. Секое живели чувствувам како ме зближува со пријателите се повеќе и повеќе. Мезето со пријателите ми доаѓа како награда, наместо пола кутија цигари со кафето. Во кафана се смеам гласно без да помислам дали тоа звучи невкусно, оти од музиката која ми свири на уво масата до мене апсолутно ништо не ме слуша. Во кафана секој си ја гледа масата и чашката, луѓето немаат време за озборување колку и да сакаат, оти ако си шепкаат голема е веројатноста да си наштетат на ушните тапанчиња. Во кафана се осеќам како Бог, после првата чашка! Плус причина зошто преферирам кафана наместо кафе шема е тоа што покана за кафана никој, ама баш никој не одбива. Друштвото само се собира штом некој спомне Кафана. Искрено кажано кафаната ги лечи сите болки, сите дилеми ги решава. Во кафана паѓаат најубавите договори, најинтересните шали и најзафркнатите ветувања. И пак ќе кажам кога можам да бидам секогаш одбирам КАФАНА!

Related Articles