Земјотресот најмногу почуствуван во Ресен и Охрид

 Breaking News

Земјотресот најмногу почуствуван во Ресен и Охрид

Земјотресот најмногу почуствуван во Ресен и Охрид
August 26
08:35 2017

Епицентарот со длабочина од 2 километри е на 3 километри од Ресен, односно 1 километар од Јанковец. Потресот го почувствуваа жителите на охридско-преспанскиот регион каде во изминатиов месец имаше над 1400 потреси.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, синоќе во 22 часот и 34 минути регистрира земјотрес кој потекнува од охридското епицентрално подрачје.

Неговиот епицентар се наоѓа на 10км западно од Охрид. Земјотресот беше почувствуван од населението во Охрид и Ресен со интензитет III-IV степени според Европската Макросеизмичка Скала.

Related Articles