Збогум брчки, збогум целулит: Домашни маски и третмани со кафе

 Breaking News

Збогум брчки, збогум целулит: Домашни маски и третмани со кафе

Збогум брчки, збогум целулит: Домашни маски и третмани со кафе
February 05
15:08 2018

Популарното верување е дека еден филџан црно кафе во тек на денот прави чуда за нашиот тен, но исто така докажано е дека кофеинот ја прави кожата цврста и ја штити од предвремено стареење.

Денеска, козметичката индустрија успешно го применува кофеинот во најразлични препарати, особено поради тоа што ја стимулира циркулацијата. Често може да го најдеме и како основна состојка во антицелулитните креми.

Но, доколку сте фан на домашноподготвените маски и лосиони за разубавување, меленото кафе можете да го корстите и за да направите најразлични пилинзи во домашни услови.

Во продолжение неколку предлози:

Тоник за кожа – Со памук нанесете свежо сварено кафе на лицето и масирајте со кружни движења. Ќе постигнете изедначување на тенот.

Исто така, може да ставите кафе во калапи за мраз и да го масирате лицето со една коцка секој ден.

Маска против брчки – една лажичка ‘ржано бражно измешајте со сварено кафе и откако ќе добиете густа смеса, додадете жолчка од јајце. Нанесете ја маската на своето лице и оставете ја да отстои 15 минути. Потоа убаво измијте се.

Вака направената смеса е одличен начин како природно да ја затегнете кожата на вашето лице.

Маска за темна коса – измешајте две жолчки, мала лажичка рум, две лажици топла вода и додајте една лажичка мелено кафе и малку маслиново масло. Вака направената хомогена смеса нанесете ја на вашата коса и оставете да делува 5-10 минути, а потоа измијте ја со топла вода.

Поголем сјај на косата ќе забележите веднаш по првиот третман.

Антицелулитен третман – Ова е стар, но секогаш популарен начин за секундарна употреба на кафето. Во мал сад измешајте мелено кафе со гелот за туширање што вообичаено го користите.

Масирајте ги зоните на телото каде имате целулит со силни и кружни движење. Откако ќе ја опфатите целата зона, истуширајте се со млака вода.

Related Articles