Заминал да плива и никогаш не се вратил! Мистеријата на ова исчезнување и понатаму ја тресе јавноста!(Видео)

 Breaking News

Заминал да плива и никогаш не се вратил! Мистеријата на ова исчезнување и понатаму ја тресе јавноста!(Видео)

Заминал да плива и никогаш не се вратил! Мистеријата на ова исчезнување и понатаму ја тресе јавноста!(Видео)
December 19
15:18 2017

Пријателите го изгубиле и започнале тревога, по што била организирана една од најголемите потраги во историјата на Австралија.

„Австралискиот премиер Харолд Холт исчезна“, беа зборовите кои на 17 декември 1967-та година ги погодија сите медиумски наслови во Австралија и светот. Тој ден Холт со пријателите пловел на отворено море во близината на Мелбурн, каде по некое време одлучил да оди да плива. Иако бил искусен пливач, по се изгледа дека силните морски струи и советите на пријателите не го спречиле во тоа.

Неколку денови пред неговото исчезнување, Холт паднал во собранието, наводно поради „недостаток на витамини во организмот“, но се претпоставува дека станувало збор за срцев удар.

Освен тоа, Холт страдал од хронични заболувања во рамената поради кои пиел лекови, а наводно и конзумирал морфиум. Сепак, влегол во морето и се изгубил по неколку минути.

По 2 денови потрага, телото и понатаму не било пронајдено, па владата на 19-ти декември официјално објавила дека Холт е мртов, а премиерската позиција ја превземал неговито заменик Џон МекЕван.

Холт стана премиер на Австралија во 1966-та година, само 2 години пред своето исчезнување. Многумина го сметаат за првиот модерен австралиски премиер, а покрај краткиот мандат, сепак ќе остане запомнет по големиот број на постигнувања.

Едно од нив е замена на државната валута од австралиска фунта во австралиски долар, а за неговиот мандат се изгласал и легендарниот референдум со која Аборџините се прогласиле за законски граѓани на Австралија.

Секако, и во овој случај се појавија теории на заговор, од кои вредно е да се одвои таа дека во целиот случај била вклучена меѓународната заедница и дека Холт го киднапирала подморница.

За тоа е напишана и книгата „Пермиерот беше шпиун.“ од авторот Антони Геј.

Related Articles