Заев и Груевски се сретнаа кај Претседателот Ѓорге Иванов

 Breaking News

Заев и Груевски се сретнаа кај Претседателот Ѓорге Иванов

Заев и Груевски се сретнаа кај Претседателот Ѓорге Иванов
November 29
08:45 2017

Премиерот Зоран Заев и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вечерва имале средба кај Претседателот Иванов, информираат од неговиот кабинет.

На покана на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, вечерва во Кабинетот на претседателот, се одржа средба на која присуствуваа Претседателот на Владата на Република Македонија, г. Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Никола Груевски.

Тема на разговор беа актуелните случувања. Се разговараше за можни решенија за излез од актуелната состојба на напнатост во државата што предизвикува загриженост кај граѓаните. 

Целта на средбата беше да се поттикне помирување и нормализирање на политичките процеси во Република Македонија.

Присутните на средбата се согласија разговорите да продолжат и во иднина“ – стои во информацијата од кабинетот на Претседатлеот

Related Articles