Вработен во МНР до новинар: „Ако поставиш прашање, никогаш нема да добиеш интервју“

 Breaking News

Вработен во МНР до новинар: „Ако поставиш прашање, никогаш нема да добиеш интервју“

Вработен во МНР до новинар: „Ако поставиш прашање, никогаш нема да добиеш интервју“
February 01
22:08 2018

„Ако поставиш прашање, никогаш нема да добиеш интервју“, изјави вработен во МНР, по прес конфренцијата на Никола Димитров и медијаторот Метју Нимиц, објави ТВ21.

Со овие зборови Јане Лазевски од МНР се обидел да го замолчи новинарот на ТВ21, и да не му дозволи да постави прашање на прес конференцијата, по средбата на министерот Никола Димитров и посредникот Метју Нимиц. Но, новинарот постави прашање, а за да добие збор, се согласи и меѓународниот посредник, барајќи внимание за прашањето што ќе му биде поставено.

Новинарот на ТВ21 започна да го поставува прашањето без микрофон, а во текот на поставувањето на прашањето, беше предупреден од страна на Лазевски за да не ја доврши реченицата.

По завршувањето на прес конференцијата, други вработени од министерството му се заканија на новинарот со одземање на акредитацијата и упатување на протестна нота до редакцијата. За да се расчисти случајот, редакцијата побара официјален став од МНР во врска со инцидентот.

ТВ21 побара објаснување дали е ова официјален став на МНР,или само на еден вработен во министерството, но одговор од таму се уште нема. Во текот на денот, други претставници на министерството се јавија на телефон во редакцијата, но не дадоа официјален одговор, упатувајќи ја редакцијата, барањето да го испрати по писмен пат.

За инцидентот реагираше и ЗНМ, од каде овој настан го оценија како притисок врз медиумите.

„Остро го осудуваме однесувањето на претставникот на МНР, кој што денеска во текот на прес конференцијата на посредникот Метју Нимиц, се обиде да го спречи новинарот на ТВ21, Фуркан Салиу да постави прашање.

Овој обид на МНР е целосно неприфатлив и ја загрозува слободата на медиумите и правата на граѓаните да бидат информирани за прашања од јавен интерес.

Слични инциденти ја оцрнуваат сликата на новата влада и ја уриваат довербата кај граѓаните за работата на владата. Бараме од МНР да го истражи случајот и да преземе одговорност за лицето, со цел да се спречат слични инциденти во иднина.

Го поздравувам колегата Салиу кој што му се спротивстави на притисокот и продолжи да дејствува според професионалната етика служејќи му на јавниот интерес“, велат од ЗНМ.

МНР не испрати официјален одговор за овој инцидент.

Related Articles