Вонземјаните може да ја уништат Земјата само со една порака!
Стивен Хокинс смета дека луѓето си играат со опасни работи кога се обидуваат да контактираат со вонземјани.
Научниците од германската опсерваторија Зонеберг во соработка со научници од Хаваи направија студија од која заклучија дека вонземјаните би можеле да предизвикаат апокалипса на Земјата, без воопшто да ја посетат. Како што тврдат, за уништување на Земјата е потребна една порака која содржи вирус.
Во неодамна објавената студија научниците покажаа загриженост поради невнимателноста објаснувајќи дека е невозможно да се открие дали пораката е опасна пред да биде отворена. Исто така се наведува дека не е сигурно дали пораката од вонземјаните може да биде деконтаминирана.
Хаос и паника
„Вирусот“ сокриен во пораката би можел да ја уништи технологијата на Земјата, тврдат научниците и додаваат дека тоа би предизвикало светска паника. Постои и опасност од вирус кој би можел да ги уништи сите мрежи на Земјата.
Астрофизичарката Лусијан Валкович вели дека остварување на контакт со вонземјани би можело да биде катастрофално за човечката раса.
„Можно е цивилизацијата со која бевме во контакт да нема добри намери“, вели таа.