Видео снимките ќе ја откријат вистината, утврден идентитетот на еден од убиените, телата на обдукција

 Breaking News

Видео снимките ќе ја откријат вистината, утврден идентитетот на еден од убиените, телата на обдукција

Видео снимките ќе ја откријат вистината, утврден идентитетот на еден од убиените, телата на обдукција
November 27
21:50 2017

Основното јавно обвинителство-Скопје заедно со увидна екипа од крим-техника изврши увид на местото на убиството на двете лица што денеска попладне се случи во менувачница во Кисела Вода.

ЈОРМ вечерва соопшти дека надлежниот јавен обвинител издал наредба за обдукција на починатите и за вештачење на прибраниот доказен материјал.

Обезбедени се траги од лице место, како и видео надзорот од менувачницата. Идентитетот на едно од починатите лица е утврден. Во моментов се преземат дејствија за идентификација на второто починато лице, информира Обвинителството.

Според неофицијалните информации кои ги доби Инфомакс.мк, се работи за две лица познати разбојници, кои во текот на оваа година избегале од затвор. Едниот од нив, со иницијали Д.Б. полицијата го барала по потерница поради разбојништво во обложувалница во Кисела Вода.

Двојното убиство се случи околу 16.30 часот кога две вооружени лица се обиделе да ограбат менувачница, но биле лишени од живот од сопственикот на менувачницата. Нему му е укажана медицинска помош поради здобиени телесни повреди во инцидентот.

Основното јавно обвинителство-Скопје изврши увид на местото на убиството на двете лица што денеска попладне се случи во менувачница во Кисела Вода, кај Чешма.

Телата на убиените разбојници од менувачницата во Кисела Вода се пренесуваат на обдукција, а сопственикот е пренесен со Брза Помош во болница, јавува Сител.

– Мирен човек кој чесно си ја работи работата. Цела Кисела Вода кај него менува пари, се реакциите на оние кои го познаваат сопственикот на менувачницата во Кисела Вода.

Снимките од камерите на менувачницата се земени, и тие ќе покажат што навистина се случило.

Related Articles